За една недела, колку што трае штрајкот на просветарите, до Првата Детска Амбасада во Светот-Меѓаши, пристигната е само една дојава за ,,нарушено право на образование“ .
Од Меѓаши сметаат дека со штрајкот се покажува незадоволството кое постои кај образовниот кадар и позицијата во која се наоѓа самото образование, а ние како општество треба да поттикнеме достоинството на оваа професија да биде почитувано.
Очекуваат решение кое би ги задоволило сите засегнати страни. Веруваат дека наставниците ќе најдат модул како да го надополнат пропуштениот материјал во согласност со годишниот план и програма, а децата согласно возраста, да добијат обајсување за причините и барањата поврзани со штрајкот на нивните наставници.
Лидер: Како вие како Прва Детска Амбасада во Светот Меѓаши реагирате по однос на ова прашање? Кој е вашиот став?
-Правото на штрајк е загарантирано со Уставот на Македонија. Веруваме и се надеваме дека ќе постигнат соодветен договор претставниците на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука.
Сметаме дека наставници чиј труд се вреднува соодветно, можат да овозможат квалитетно образование а ние како граѓани и како општество треба да поттикнеме достоинството на оваа професија да биде почитувано. Правото на образование не се однесува само на тоа децата да одат во училиште туку и на квалитетот на самото образование. (Член 28 и 29 од Конвенцијата за правата на детето, Член 4 Закон за основно образование).
Лидер: Дали до вас се стигнати поплаки на бесплатниот телефоснки број и која е вашата реакција?
– До овој момент на АлоБушавко СОС линијата за деца и млади е пристигната една дојава , писмена, токму за оваа проблематика, нарушено право на образование на децата.
Лидер: Дали е дозволиво да се бараат повиски плати во ек на училишна година а притоа да му се скати правото на образование на детето без тоа да биде прашано?
– Штрајкот укажува на незадоволството кое постои кај образовниот кадар и позицијата во која се наоѓа самото образование, оттаму за тие проблеми треба да се најдат решенија и тешко е да се најде соодветно време кое не би го попречило наставниот процес а штрајкот да биде сериозно сфатен. Околу вклученоста на децата, децата гледаат дека нешто се случува па ова е можност да се разговара со нив за причините и барањата поврзани со штрајкот на нивните наставници, на соодветен начин согласно возраста.
Лидер: И што е со опциите продолжување на училишната година , настава после часови и учење во саботи како би се надополнил материјалот по однос на изгубените прашања за време на штрајкот со што повтрно на детете му се одзема правота на слобода?
-Според последните измени од Законот за образование, одработувањето на часовите во саботите, се укина бидејќи се покажа како непродуктивно. Веруваме дека наставниците успешно ќе го менаџираат своето време за да го надополнат пропуштениот материјал во согласност со годишниот план и програма. Се надеваме дека штрајкот ќе придонесе сите учесници во образовниот процес да бидат задоволни (учениците, родителите и наставниците) од постигнатите резултати и нема да придонесе за одземање/прекршување или попречување на нивните права.