Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Кевин Мекарти денеска ги предупреди членовите на неговата партија дека би можеле да платат политичка цена ако дозволат затворање на владата да се случи на почетокот на следниот месец поради спорот за јавната потрошувачка.

„Никој не победува ако дојде до затворање на Владата“, изјави Мекарти по состанокот на партијата зад затворени врати.

Мекарти, исто така, рече дека Претставничкиот дом ќе заседава по викендот додека не се постигне договор за финансирање на федералната влада за следната година, што треба да се направи до 30 септември, кога завршува фискалната година.

Доколку Претставничкиот дом, контролиран од републиканците и Сенатот, контролиран од демократите, не усвојат долгорочен или краткорочен предлог-закон за финансирање на федералната влада до 30 септември, кој потоа го потпишува претседателот Џо Бајден, на 1 октомври ќе следи исклучување на сите владини агенции. Тоа би била четврта блокада на американската сојузна влада во последните десет години.  (МИА)