– Пред сè, ќе ја бараме шансата во домашните натпревари, затоа што мислам дека ниту една репрезентација не е непобедлива. Сите знаеме која е Шпанија, светски првак и европски шампион во повеќе наврати. Но, претпоставувам дека и таа Шпанија ќе дојде со втор состав. Тие ќе имаат сигурно желба да се докажат, но сите знаеме дека Македонија кога игра дома, пред свои навивачи е тежок противник, изјави Мекиќ.

Шпанија гостува во Скопје на 26. ноември во СЦ „Јане Сандански“, додека три дена подоцна „црвено-жолтите“ гостуваат кај вториот ривал во групата, Украина.

– Верувам во овој состав, можеме да изненадиме, како што кажав претходно, шансата ја гледаме во домашните натпревари. Но, ќе одиме да се надигруваме со секоја репрезентација и на гости, посочи денеска Мекиќ во изјава за официјалниот сајт на Кошаркарската федерација.