Според истите извори, Реал неодамна стапил во контакт со менаџерите на Алварез, кој сезонава на 17 натпревари во аргентинското првенство постигна 16 голови.

Паралелно со ова, во Аргентина пристигнаа претставници на италијанскиот прволигаш Јувентус, кои треба да проценат дали на клубот од Торино му се исплати да плати отштета од 20 милиони евра за услугите на Алварез.

Меѓу заинтересираните клубови се и Милан и Фиорентина.

Алварез има важечки договор со клубот од Биенос Аирес до 31 декември 2022 година.