Италијанскaта премиерка Џорџа Мелони изјави во парламентот дека Рим ќе го поддржи создавањето на поморска мисија на Европската унија за патролирање на границите на море.
„Италија ќе го поддржи… создавањето на европска поморска мисија, во договор и во соработка со северноафриканските власти“, рече Мелони во Сенатот пред состанокот на лидерите на Европската унија.
Таа, исто така, рече дека Италија сака ЕУ да го зголеми износот на средства наменети за борба против масовната илегална имиграција во нејзиниот повеќегодишен буџет за 2021-2027 година, бидејќи Рим е оптоварен со зголеменото пристигнување на бродови со мигранти на јужните брегови, пренесува Ројтерс.