-Предновогодишните журки е тешко да се забранат, единствено што треба е ревносно да се почитуваат мерките кои се на сила, вели Мемети во изјава за Лидер.
ЛИДЕР:Потребни ли се дополнителни мерки во пресрет на новогодишните прослави и групирања, со цел да се спречат нови кластери, особено кај младата популација?
-Основно треба да се почитуваат сите препораки и мерки донесени до сега од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.
Групирањето се докажува како еден фактор за пренесување на ковидот посебно кај младата популација.Тоа значи дека освен почитување на мерки, лицата треба да бидат многу претпазливи во групирањата. Еден од основните начини на пренесување на ковидот на светско ниво е групирање на младите во луѓе во кафани, ресторани, и други собири.
Треба да се продолжи со вакацинацијата и треба да се вакцинираат посебно старите лица и лицата со хронични заболувања.
Не може да превенираме предновогодишно. Јас гледам како постапиле Франција со прекинување на журките и прекинување на собири на малдите луѓе. Многу тешко е тоа да се забрани.Зошто тука тие што организираат вакви настани, треба да преземат полна одговорност. Да ги прегледаат сите на влез и да пуштаат само лица со сертификат.
ЛИДЕР: Сметате ли дека не се потребни дополнителни мерки во овој чувствителен период?
-Мерките се тие. Колку се почитуваат е прашањето.Потврда за вакцини, угостителски објекти внатре пораките да се почитуваат и толку.Ако се почитуваат, но тешко се почитуваат.Тоа што требаше е направено. Треба надзор да се направи од страна на надлежните инспектори.
Зајакнат инспекциски надзор за да не се створат нови кластери пред Нова Година.