„Во членот 8, се цитираат членот 3 и 6 каде се укажува дека Бугарија веќе има работна група која е составени правосудни експерти, извршната власт и академската фела кои работат на уставни и законски измени согласно извештаите на Советот на Европа и дополнително им стои на располагање за да ги регистрираат овие здруженија. Да повториме дека Бугарија е таа која треба да го смени Уставот а не ние во Македонија“ вели адвокатот Менковски за Алфа.
Бугарија има рок до 16-ти декември да состави документација од преземените мерки и резултати од спроведувањето на заклучоците на Советот на Европа. Тоа ќе биде разгледано на следниот состанок во март идната година. Тука адвокат Менкиновски го издвојува заклучокот дека без ефективни резултати, можно е да биде доведено во прашање членството на Бугарија во Советот на Европа, бидејќи со непочитување на одлуките на Судот за човекови права не се почитува ниту Конвенцијата која е услов за членство.
„Ние кога зборуваме како Македонци, имаме исто така ОН и други организации кои исто така се битни, каде ние можеме да продолжиме ако Бугарија биде исклучена од Совет на Европа. Ако Бугарија биде исклучена од Совет на Европа тоа е многу голема работа бидејќи Бугарија се става на еден пиедестал дека за непочитување на владеење на правото, на основните на човекови права и непочитување на демократски принципи. Ако биде исклучена тоа покажува и една многу погрешна политика која ја водела Бугарија во изминативе години“ вели адвокатот Менкиновски.
Според извештаите уште пред повеќе од 10-тина години од Советот на Европа Бугарија треба да го отвори Уставот за признавање на малцинствата меѓу кои Македонците и нивно запишување во највисокиот правен акт.
Со одлуката на Комитетот на министри, според македонското здружение ОМО „Илинден“ Пирин и се стеснува просторот на Бугарија за маневр и спроведувањето на одлуките од европските институции.