Во телефонски разговор со Путин, Меркел на рускиот претседател му кажала дека е нехумано белорускиот претседател Александар Лукашенко да ги користи мигрантите, за кои многумина велат дека биле турнати на границата како начин да ја преплават ЕУ, за свои цели, изјави портпаролот на Меркел.
Меркел побара од Путин да интервенира за да се реши кризата со мигрантите
М
Русија треба да го искористи своето влијание врз Белорусија за да најде начин да ги решат растечките тензии на границата меѓу Белорусија и Полска, повика денеска германската канцеларка во заминување, Ангела Меркел, јави ДПА.