Ова е шеста последователна недела по ред како вирусот се шири низ целиот континент.

Во неделниот извештај за пандемијата, здравствената агенција на ООН соопшти дека има околу 3,1 милиони нови случаи ширум светот, што претставува зголемување од околу еден процент во однос на претходната недела. Речиси две третини од заразените со коронавирус – 1,9 милиони – беа во Европа, каде случаите се зголемија за седум проценти.

Земјите со најголем број нови случаи во светот се САД, Русија, Обединетото Кралство, Турција и Германија.

Бројот на неделни смртни случаи од Ковид-19 опадна за околу четири отсто ширум светот и се намали во сите региони освен во Европа.

Од 61 земја што ги вклучува СЗО во нејзиниот европски регион, кој ја вклучува Русија и се протега до Централна Азија, 42 отсто пријавиле зголемување на случаите од најмалку 10 отсто во изминатата недела.

Во САД бројот на нови неделни случаи е намален за пет отсто, а смртните случаи за 14, а најголем број пријавени случаи се од САД.

Во Југоисточна Азија и Африка, бројот на смртни случаи од Ковид-19 е намален за околу една третина, и покрај недостигот на вакцини во тие региони.

Директорот на СЗО за Европа, др. Ханс Клуге минатата недела рече дека Европа „се вратила во епицентарот на пандемијата“.