Таа истакна дека стапката на новозаразени со коронавирус во Германија во моментов е превисока, и дека третиот бран на пандемија ќе биде можеби најтежок.
Таа додаде дека капацитетот за производство на вакцини во Европа и Германија мора значително да се зголеми.
-Тестирањето ќе ни помогне да изградиме мост, сè додека вакцинацијата не започне да дава резултати, рече Меркел.
Говорејќи на отворањето на Саемот за индустрија и технологија, таа посочи дека развојот на ситуацијата во германската економија ќе зависи од тоа дали државата ќе може да ја задржи стапката на зараза со коронавирусот под контрола.
Во Германија досега биле заразени 3.009.541 лице, додека битката со коронавирусот ја изгубиле 78.964 лица