По посетата на Србија, Меркел ќе отпатува во Тирана, каде утре освен со албанскиот премиер ќе се сретне и со шефовите на владите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.

Во Белград, Меркел ќе има повеќе средби на кои се очекува да стане збор за билатералните односи и Берлинскиот процес, посебно за иницијативата Отворен Балкан. Исто така се очекува да стане збор и за дијалогот Белград-Приштина и ситуацијата во БиХ, посебно по именувањето на Кристијан Шмит за нов висок претставник на меѓународната заедница.