Меркел изјави:
– Искрено се надевам дека УЕФА ќе покаже одговорен однос во врска со натпреварите на Европското првенство
Германската канцеларка додаде:
– Не би сакала на натпреварите да видам преполни стадиони и во целост ги поддржувам напорите на британските власти за спроведување на сеопфатни неопходни хигиенски мерки
Претходно денеска, италијанскиот премиер Марио Драги ја повика УЕФА поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во Велика Британија да го премести одржувањето на финалето на ЕУРО2020 од Лондон во Рим.