СДСМ се соочува со нов удар – овој пат од свој човек! Универзитетскиот професор и долгогодишен симбол на албанската поддршка за СДСМ, Мерсел Биљали, жестоко удри по раководството на партијата, предупредувајќи на нов изборен дебакл!

Во јавна објава, Биљали напиша дека кандидатите на СДСМ личат како да ги порачал лично премиерот Мицковски, алудирајќи на целосна неспособност и политичко самоубиство на опозициската партија.

„Денот ‘Д’ ќе мора да им тропа на вратата“, вели Билали, наговестувајќи крај за СДСМ како релевантен политички субјект.

Се поставува прашањето: кога и најлојалните се откажуваат, кој останува во бродот што тоне?