Меси би се вратил во Барселона само под еден услов

М
Магазин 19.11.2022. 20:07

Лионел Меси е подготвен повторно да го облече тимот на Барселона, но под еден услов, тврди шпанскиот „Ел Насионал“. Аргентинската ѕвезда сака да работи под водство на неговиот поранешен соиграч Чави Хернандез. Двајцата се во постојан контакт и Чави прави се за да го убеди Меси да се врати на „Камп Ноу“ следното лето.

Поранешниот играч од средниот ред на каталонскиот гигант врши добра работа како тренер и управата има целосна доверба во него, но Меси ќе инсистира да добие гаранции дека Чави ќе продолжи да го води тимот пред да донесе конечна одлука за неговата иднина.

Аргентинецот има силна втора сезона во Пари Сен Жермен и сигурно ќе му биде понуден нов договор. Се тврди дека пред него би можела да се појави опција за преселба во Манчестер Сити, каде би можел повторно да се обедини со Пеп Гвардиола.

Во моментов сите мисли на Меси се насочени кон Светското првенство. „Ел Насионал“ пишува дека настапот на Аргентина може да влијае и на неговата одлука. Доколку „гаучосите“ ја освојат титулата, Лео ќе се врати во Барселона, но доколку не успеат, тој може да бара нов предизвик во Манчестер Сити.

Како што е познато, Меси ја напушти Барселона како слободен играч во летото 2021 година, а договорот со ПСЖ му истекува по завршувањето на актуелната сезона.


Подкаст

Подкаст