Женската ракометна репрезентација на Македонија ја доби Украина како противник во баражот за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Украинките немаат настап на големите собири од 2014 наваму и се соочуваат со еден пад во женскиот ракомет сличен на оној што ја снајде Македонија по 2012 година, затоа шансите за наша победа не се безначајни.

Првиот натпревар од баражот ќе се игра во Македонија на 3 или 4 април, а реваншот на 10/11 истиот месец на гостински терен. Македонија има пет учества на СП во женски ракомет, последното во 2007 година.

БАРАЖ ЗА СП 2023

Турција – Србија
Романија – Португалија
Исланд – Унгарија
Полска – Косово
Италија – Словенија
Германија – Грција
Швајцарија – Чешка
Австрија – Шпанија
Македонија – Украина
Словачка – Хрватска