Аргентинскиот капитен Лионел Меси се најде на првото место во изборот на 50 најдобри фудбалери на сите времиња на реномираното британско списание за фудбал ФорФорТу (FourFourTwo).
Меси е избран за најдобар во историјата на светскиот фудбал пред Бразилецот Пеле и Аргентинецот Диего Армандо Марадона, на второто и третото место.
Португалецот Кристијано Роналдо е рангиран на четвртото место на вечната листа, а легендарниот Холанѓанец Јохан Кројф на петтото место.
Меѓу топ 10 во изборот на ФорФорТу се и Зинедин Зидан, Франц Бекенбауер, Алфредо Ди Стефано, Роналдо и Џорџ Бест.