Барселона и Манчестер јунајтед одиграа 2-2, домаќините поведоа, гостите направија пресврт, за на крајот „каталонците“ да се погрижат за возбудливо реми.

Барселона и Манчестер јунајтед делува како натпревар од Лигата на шампиони, но двата гиганта се борат за продолжување на настапот во Лига Европа. Првиот натпревар заврши 2-2, реваншот на Олд Трафорд ќе го даде патникот во осминафинале.

По прво полувреме без голови, резултатот беше отворен по пет минути игра во продолжението, Алонсо погоди и имаше емотивна прослава, погледна кон небото и голот го посвети на неговиот татко, кој почина минатата недела.

Манчестер јунајтед веднаш се врати во игра, Рашфорд успеа да го матира Тер Штеген на поблиската статива за 1-1 во 53. минута. „Ѓаволите“ потоа го свртеа резултатот во своја корист, Кунде си постигна автогол за 1-2 по еден час игра.

Сепак, Барселона одговори, Рафиња во 76. минута изедначи на 2-2 откако упати една топка во петерецот која никој не ја закачи и заврши во мрежата.

На останатите натпревари од 18:45 часот во Лига Европа, Шахтар со 2-1 го совлада Рен, Салцбург со 1-0 славеше против Рома а Ајакс и Унион Берлин одиграа натпревар без голови.