Енергетската криза прави притисок во сите сектори во македонското стопанство. Државната помош помага за ублажување на последиците, но од некои сектори реагираат дека воопшто ја нема.
Марија Дуковска Павловска, менаџер на компанија од челичната индустрија забележа дека владините мерки се селективни и оти се соочуваат со тешки предизвици од енергертската криза. Трошоците за струја во август и септември биле 70 отсто од целокупните трошоци.
– Не само што доцнат, мерките ги нема. Селективно е дадено. Да, разбираме дека треба повеќе за прехранбената индустрија, но ако оваа базична индустрија не се поддржи, инпактот кој ќе го има, а се гледа подоцна, за година од сега ќе биде многу поголем од она што може да се претпостави, истакна Дуковска Павловска.
Одговарајќи на новинарски прашања на пуаза во рамките на самитот за сина економија, што се одржува во Охрид, посочи дека компаниите од металуршката индустрија не размислуваат за намалување на бројот на вработени, туку почнуваат со алтернативни извори на енергија.
– Почнуваме со алтернативни извори на енергија, ќе инсталираме фотоволтаични соланри панели на двата погона што ги имаме, но го прилагодуваме и работењето согласно тоа кога цената на електричната енергија е најниска. Не сакакаме да одиме кон намалување на вработени. Сакаме да произведуваме. Интерес на бизнисот е да продолжи да произведува, а не да се згасне во одреден период. Намалување на вработени не ние како варијанта, а процесот на производство го прилагодуваме да работиме повеќе во ноќни часови и во часови кога цената на електричната енергија на берзите е пониска, рече Дуковска Павловска.
Под сериозен притисок, според Благоја Муканов, експерт во земјоделството, е и македонскиот аграр, врз кој се одразува секоја секоја мала промена во трошоците, пред се на ѓубривото, семето и пестицидите.
Сериозен скок од над 200 отсто на цените, нагласи дека има кај ѓубривото, кое е еден од трите главни инпути во секторот.
– Тоа што мене лично ме плаши е што Македонија ги губи пазарите за традиционалните производи. На пример, доматот. Доматот е намален можеби за повеќе од 60 отсто. Доматот како производ во градинарството е со највисоко додадена вредност и извозно гледано највеќе внесува девизи. Тоа е за мене застрашувачки. Се иде на транзиција кон продукти кои имаат пониска додадена вредност затоа што фармерите се под многу помал трошковен притисок. Но за државата по единица квадратен метар фактички податокот е многу помал, вели Муканов.
Во одно на цените на земјоделските производи очекува стабилизирање, но не и враќање на старите. Посочува дека сме мала држава и како економија и како земјоделски капацитети и оти многу лесно може да се враќаат работите во тек, за што е потрбно волја и институционален капацитет.