Треба да застанеме малце, да ја нагазиме топката да размислиме да видиме дали имаме потреба од зголемување на цена на електрична енергија, рече првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бисломовски, во интервју на Телма. Тоj додаде дека кога зборува за зголемување, мисли пред се за цената на домаќинствата.

Во изминатиот период да имавме зголемување, имаше потреба, бидејќи се случија драматични промени на пазарот на електрична енергија, не само во Македонија туку и во цела Европа, кажа Бислимовски.

Според него, РКЕ и да не донесе промена на цената на електричната енергија, само врз основа на данокот на додадена вредност ќе се зголеми трошокот на граѓаните за електрична енергија.

Мислам дека ќе треба да разгледаме и ние за да се даде малку простор и за други покреативни решенија со цел да се избегне ова зголемување, порача Бислимовски.