Денеска на граничниот премин Богородица се забележани долги колони на возила кои чекаат за излез од Македонија. Причина е продолжениот викенд поради велигденските празници.

Според информациите, се чека и до еден час за влез кај нашиот јужен сосед.

Според АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.