Постојано има луѓе кои со погрешни информации сакаат да извлечат профит за себе но фер и транспарентно доделување на термини за поднесување на барање за виза како и проверка на Вашите барања согласно важечките закони се наш и Ваш заеднички интерес, алармираат од Германската амбасада во Скопје.

Оној што Ви ветува термин за пари, лаже! Термините не може да се купат!, се прецизира во напишаното од страна на амбасадата на социјалните мрежи.

Од таму со совет, граѓаните да се заштитат себеси.

И имајте предвид: Термини за виза се доделуваат само преку веб-страната на Амбасадата! Оној што Ви ветува термин за пари, лаже! Термините не може да се купат! Лицата што на улица се претставуваат како вработени во Амбасадата и даваат ветувања, лажат! Доколку некој Ви понуди фалсификувани или лажни јазични сертификати, одбијте! Нашите вработени се обучени и препознаваат вакви фалсификати. Вашето барање ќе биде одбиено. Детални и доверливи информации има на нашата веб-страна: www.skopje.diplo.de!, подвлекуваат во напишаното од германската амбасада во Скопје.