После цела година сеење магла од власта излезе на виделина дека нема двотретинско мнозинство за устави змени, а надвое над 80% од народот се против на измени под бугарски диктат, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски после седницата за отворање на уставот која Талат Џафери ја прекина.

Денес се соочија со интегритетот и суверенитетот на Македонија од една страна и инаетот и ароганцијата од друга страна. Уставни измени не се прават врз основа на диктат од надвор. Тоа е газење на достоинството на државата и газење на суверенитетот бидејќи народот е суверен, а тој кажа не.

 

 

Тие ги етикетираат сите кои размислуваат поразлично од нив, дека се неевропски. Оваа власт е развластена и ќе ја казни народот на избори. Оваа власт е продолжниот кабел кој ја изгоре Македонија и е апатија која ги брка граѓаните.

Уставни измени нема, но избори мора да има. Следно што оваа власт треба да го направи е да го распушти ова Собрание – рече Мицевски.

Претходно собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина работата на седницата за уставни измени.

– Констатирам дека претресот е завршен. Ја прекинувам работата со оваа седница, а за продолжувањето ќе бидете дополнително известени – рече претседателот Џафери.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пред говорот на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески кој беше последен пријавен за збор, претходно побара од Џафери да не ја прекинува седницата и да ја стави точката на гласање за да се види колку пратеници има власта за отворање на Уставот.