ВМРО-ДПМНЕ го претстави изборот на 16 нови кандидати за градоначалници, а претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, од Брвеница испрати порака дека тие се подготвени да ја оправдаат довербата на граѓаните. Тој нагласи дека очекува убедлива победа на следните локални избори.
„Тоа се луѓе коишто очекувам да бидат победници на следните локални избори. Мотивирани се, дисциплинирани, со план, со програма, со визија и убеден сум дека ќе додадат вредност во животите на луѓето во општините во коишто ќе бидат идни градоначалници. Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на следните локални избори“, рече Мицкоски.
Притоа тој посочи дека Владата работи на обновување на темелите на државата, кои, според него, биле разнишани од претходната власт.
„За помалку од два месеца од денеска и јавноста тоа ќе го види и да продолжиме со реформскиот процес да ја градиме Македонија, да ја обновуваме Македонија, да ги зајакнуваме темелите коишто претходната влада на СДС и ДУИ се обиде да ги урниса“, изјави Мицкоски.