6 години власта на ДУИ и СДС не успееа да го реконструираат патниот правец Петровец- Катланово.
Овој дел од 5 километри како дел од коридорот 10 е еден од најфреквентните делници и целосно небезбеден за одвивање на сообраќај, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкокски, кој денеска беше во посета на општина Петровец.
-Како идна влада се обврзуваме на експресно завршување на реконструкцијата на овој дел од коридорот 10.
Важно е да имаме безбедни патишта.
Важно е да вложуваме во патната инфраструктура.