При денешната посета на општина Брвеница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на споменатите информации УСБ и плико со документи што биле дадени на Џафери и Ахмети истакна дека треба Џафери и Ахмети да ја кажат вистината за содржината на УСБ и пликото кои што им било дадено.

Па еве ќе ги прашате и Талат Џафери и Али Ахмети за содржината на тоа УСБ, на тоа плико и каков документ имало во тоа плико и јас ќе ги следам внимателно нивните изјави и внимателно ќе следам дали ќе ја кажат вистината. Еве да оставиме тие да ја кажат вистината, бидејќи тие ги добиле два од трите документи“, нагласи Мицкоски.

Извор: Republika.mk.