Барам брзи предвремени парланетарни избори, затоа што ново парламентарно мнозинство не е соодветно решение бидејќи на земјата ѝ е потребна стабилна влада која ќе носи одлуки во пресрет на големата енергетска и економска криза која нѝ претстои, изјави на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Во овој момнет најдобро решение за државата која влегува во длабока економска криза и неизвесност се брзи предвремени избори со почитување на законските рокови кои ќе обезбедат стабилна влада која ќе носи брзи и добри решенија за да се пребродат кризите. Изборите се светлото од крајот на тунелот. Брзите избори ќе треба да обезбедат влада која ќе носи нови политики и која ќе носи решенија. Новата Влада ќе ги релаксира односите во опшѓтеството и ќе стави точка на нарушените односи и на омразата. Народот заслужува подобра иднина. Барам веднаш брзи предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

Според него, создавањето ново парламентарно мнозинство нема да помогне во решавање на наталожените проблему, туку само ќе доведе до преговори и разговори и разводнување на капацитетот за управување на институциите и ќе креира погрешна слика која нема да ја пресликува волјата на народот изразена на изборите кои штотуку завршија.

Toj рече дека не е прашање дали струјата ќе поскапи, туку за колку ќе поскапи и дека ценовниот шок ќе предизвика раст и на другите цени и дека ќе предизвика инфлација.

-Потребни се крупни одлуки во наредниот период, а народот кажа дека оваа влада нема доверба од граѓаните, ниту дека има капацитет. Ново мнозинство нема да даде нова енергија за справување со проблемите, туку потребни се брзи избори со почитување на законските рокови, рече Мицкоски.