Предвидено е на истата да учествуваат претставници од Владата, Европскиот суд за човекови права, судските и јавнообвинителските институции од земјите на Западен Балкан, како и академската заедница.

Конференцијата е организирана од Програмата за Западен Балкан на Центарот AIRE во соработка со Регионалната Антикорупциска иницијатива (РАИ) и Министерството за правда. Таа е дел од проектот „Борба против корупцијата и организираниот криминал во Западен Балкан преку зајакнување на регионалната соработка за поврат на имот“ поддржана од Владата на Велика Британија.

Повратот на имот е една од клучните антикорупциски мерки кои бараат зајакнување на законодавната рамка, институционалниот капацитет и регионалната соработка во Западен Балкан.

За време на неколкудневниот престој на судијата Спано на Македонија ќе остари средба со министерот за правда Бојан Маричиќ кој е негов домаќин, дел од државниот врв и првите луѓе на правосудството.

Министерството за правда посвети посебно внимание на судската пракса на ЕСЧП, преку анализа и вградување на највисоките стандарди при изработката на измените и дополнувањата на Кривичниот законик, кој моментално е во собраниска процедура, а се однесуваат на конфискацијата и тортурата, како и при изработката на измените и дополнувањата на Законот за кривичната постапка, кои се во тек. Воедно, посебно внимание заслужува и новиот предлог Закон за Канцеларијата за поврат на имот, кој е подготвен и е доставен на мислење до сите надлежни институции.

Инаку, Конференцијата ќе ја отвори Билјана Брајтвејт Програмски Директор за Западен Балкан во AIRE Центарот, Љупчо Николовски заменик-претседател на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Бојан Маричиќ министер за правда, Рејчел Галовеј амбасадорка на Обединетото Кралство во Скопје, Беса Адеми претседателка на Врховниот суд и Десислава Готскова раководителка на Секретаријатот на РАИ.

Отворањето ќе биде проследено со главниот говор на судијата Роберт Спано, Претседател на Европскиот суд за човекови права.