Во текот на денешниот ден, претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја посети ЈЗУ Универзитетската клиника за државна кардиохирургија во Скопје.
За време на посетата, Мицкоски ќе присуствува на промоција на техничка надградба на хибридната сала наменета за ендоваскуларен третман на пациенти.
Салата сега располага со дополнителна современа опрема, единствена во регионот, која овозможува на едно место да се спроведува целосна дијагностика.