Драги пријатели ова се моменти каде вообичаено сте навикнати во годините претходно на протоколарни говори, политички видувања, препукувања, критики и фалења. Јас ќе отстапам, од тоа би рекол непотребно клише и за разлика од се до сега што сте чуле и виделе јас напишав едно писмо до идниот градоначалник на Штип, Иван Јорданов со многу јасни пораки кои ја опишуваат мојата суштина, идниот кодекс наделување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, порача Мицкоски.

Писмо до идниот градоначалник, Штип – 22 август 2021 година
Во блиското Ново Село велат и татнежите на реката Отиња значеле истрели од куршуми… Што само потврдува колку бурна историја е напишана во овој историски предел на камен, сонце и страдања на нашиот народ. Имаме на еден мал простор една жива реликвија на тоа низ што минувала Македонија низ времињата и вековите, но и ние денес тука пристуните нејзини современици за тоа низ што минуваме денес.

Ако Македонија била маченица низ вековите, тогаш Штип било нејзиното пркосно срце кое силно чукало за нашата слобода, за заедничката иднина.
Колку голема била љубовта на штипјанецот од Ново Село Тодор Александров кон својата татковина, за да може да го победи како очајот, така и тешката болест на неговите ослабени гради и да вдахне вера кај цел еден народ, да го исправи одново на нозе подготвен за борба? Каква голема човечка особина и каква железна енергија е потребна да го поведеш одново еден осакатен народ по толку преживеани катастрофи. Факт е дека Тодор Александров во тој однос е единствениот историски пример, но и паметник кој кажува какви обвррски имаме кон нашата земја и во таа смисла пред нас самите.

Во Штип е роден и Емануел Чучков кој е еден од активните уесници на президиумот на АСНОМ, како и генералот Михајло Апостолски кои се луѓе со активна верба во вредностите на нашата државност, слободарска мисла и дострел.

Ацо Шопов кој е бисерот на нашата најбогата поезија, која со моќта на македонскиот збор ги коваше синтагмите кои го сочинуваат нашиот уникатен јазичен идентитет, или пак Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил, како и Никола Кљусев или Киро Глигоров, родени Штипјани кои ги поставуваа темелите на независноста, вдахновуваа државност, го крепеа духот на народот и со својата мудрост ги решаваа проблемите кои се издигнуваа над остварувањето на нашиот сон за своја држава.

Секој еден од тие титани беше единствен не само во своите татковина туку и во светот. А такви луге во историјата не се повторуваат. Ете зашто е толку голема почита за овие луѓе.

И овие луѓе не му припаѓаат само на ВМРО, туку на Македонија, а таа е наша, за сите нас.

Иване!!! Не ги споменувам овие имиња за да предизвикам некаква наивна емоција, туку да ти предочам каков само габарит е Штип, Македонија и обврската да се служи на народот. Одговорноста е кон овие имиња и нивното дело, но и одговорноста е за сегашноста и иднината.

А каква е реалноста и сегашноста во пресрет на овие избори…
Народот е длабоко разочаран од политичарите.
Политиката се претвори во една нечовечка арена на бескрупулозна игра, на подмолни удари, местенки, процеси.
На еден континуитет на патење, без резултати.
На едно сеопшто валкање на на секој и секого.
На една мачнина кај луѓето кај кои, кога ќе се спомене политика чуствува бодежи во стомакот и гадење.

Сакаат да ве направат аполитични, за да ве направат незаинтересирани за моментите кога се одлучува за вашата иднина, исполнети со една суптилна, но многу гласна порака и заклучок дека сите се исти.

Тој впечаток дека сите сте исти е клучот за пеколот за да тие продолжат да владеат, и во исто време да ја крадат нашата иднина.
Тоа се оние пораки до кои го принудуваат народот да си мисли “крадеа претходните, крадат и овие”. Епа не е нормално така!

И јас како и секој еден нормален човек со чувство на гадење гледам на политиката во Македонија, но надополнето со едно друго длабоко и јасно чуство дека не сме сите исти и дека на нас, на оваа генерација Иване е товарот да ги промениме работите. Доста беше!

1. Доста беше од некадарни партиски паразити на власта да ги фаќаат местата на способните во општините и државната администрација. Да направиш способна и професионална администрација на компетентни луѓе кои ќе одговорат на потребите на граѓаните. Избери ги најдобрите, така ќе имаш резултати.

2. Доста беше од локални бизнис моќници, и новокомпониран инстант бизнисмени кои се доближуваат до локалната самоуправа само да се доберат до маркица за некоја нова зграда, нов бетон во кој ќе се гушат граѓаните.
И таквата брза заработувачка прави да имаме денес градоначалници кои станале кметови одлепени од народот затоа што канцелариите им се полни со куферчиња пари за брзи маркици за градба.
Затоа најчесто таквите градоначалници од власта ги викаат со популарно име “комшии”, зошто во секоја нова зграда, ако претходно не заиграло куферчето пари добиле нов стан, а ако има повеќе згради со тоа и повеќе станови. И најчесто таквите со куферчињата само се префрлаат од стариот кон новиот градоначалник.
Затоа кога е ти дојде некој таков веднаш да го избркаш така силно што никогаш друг пат нема да му текне да направи таков нечесен потег, и да го поздравиш со пријава до полицијата. За памет за сите други идни.

3. Не смее веќе зеленилото да се заменува со бетон. Кога ќе се гради, треба да се гради паметно и со план за иднината. А од зеленило, дрва, паркови никогаш доста. Мора да има повеќе.

Природата е нешто што е трајна вредност. Нови паркови, нови велосипедски патеки, пристапни влезови, зелен и хуман град.

4. Да посветиш внимание на луѓето со посебни потреби. Тоа се исклучително интелегентни луѓе, а ние нашето внимание не смееме да го штедиме. Нашата држава си поигрува со нивната тешка судбина, ти треба да бидеш нивниот глас за нивните права.

5. Кон трошењето на парите во општината мора да имаш пристап како кон своите пари. Грижливо и штедливо. Доста е расипништво какво што гледаме денес. Службени ручеци, гозби а дравна сметка платени од гладниот народ. На секој ставен залак во уста, знај дека има пола милион луѓе во државава што ивеат во потполн глад. Запамети го ова. Биди хуман, помагај. Решавај проблеми.

6. За 4 години не смее да има урбано место кое нема да има канализација, водовод кој се гради за да има пристојни услови за живот. А не како сега. Кофите на рамо по свежа вода, ама важно Заев има полна уста со Европа и Недела го прогласиле неработен ден, во услови кога 60 илјади останаа без работа.
4 години нов автопат нема изградено, освен оние кои ги наследија од влаадата на ВМРО-ДПМНЕ. Не смее да има поголемо населено место без нов асфалт. Мора да се градат конекции.

7. Денес илјадници луѓе остануваат без работа. Текстилните работници се меѓу најпогодените. Градоначалницците на власта ги штитат газдите кои немилосрдно печалат на трудотна работниите, додека работникот е незаштитен. Мора да се бориш за сеое работно место, и да носи нови инвестиции. Нов елан, народот да почуствува нова енергија и да бидеш заштитник и двигател на развојот на економијата.

8. Мора да бидеш транспарентен и достапен. Да не се случи како сегашната власт само да се гледаат градоначалниците по ток шоу емисии или по кафеанри и ресторани. Работа не чека, а ние ќе ја имаме одговорноста.

9. Се што ќе ветиш, да оствариш, и да работиш повеќе од тоа за да исполниш и повеќе од ветеното.

10. На крај, најважното, твојот актуелен градоначалник во една емисија кажа дека е ГОСПОД. Не заборавај, никогаш немој да заборавиш, ти му служиш на народот, а не тој тебе, и не си Господ. Далеку од тоа. Треба да бидеш слуга на народот, на својот град, на својата земја. И никогаш да не разочараш.
Само така, ќе го исполниме нашиот сон, нашата визија на поврзани градови, на хумани и зелени средини. Само така ќе стане и достижен европскиот сон за Македонија.

Ти и секој еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги запамети овие работи.
Да си ги решиме прво проблемите дома.
Да градиме мостови, да ја поддржиме културата, спортот, младите. Така и огништата повторно ќе засветат, ќе обезбедиме иднина за нашите деца, зошто нели, отсекогаш и засекогаш Македонија за сите луѓе.
Заеднички да ја отпочнеме новата етапа, новото поглавје од развојот на Македонија.
Високо кренати главите да се бориме за своите домови и нашата иднина.
Секој еден од вас одлучува.

Штип се развиваше, Штип се градеше до пред 4 години, зошто го имаше Илчо Захариев. Но и како што тој самиот ми кажа на една од нашите чести средби, вели светот останува на младите, а јас ќе му помагам на Иван ккако мое дете. А јас пак Иван Јорданов го знам од мали нозе. Чесен и вреден, со искреен жар за помош и докажување. Штип го има најдоброто решение за ново поглавје, за промени и силни скокови напред. ВМРО ќе победи и во Штип, зошто Штип е ветерот на промените, предвесникот на најдобрите времиња кои доаѓаат. За победа, за Штип за нашата Македонија, Заедно да славиме…, порача за крај Мицкоски.