Тој ја коментира актуелната состојба кога буквално гробиштата се полни. Вели ветувањето за живот се претвори во најцрната епизода на македонската државност – економијата е во колапс, стопанството не дише.
– Инженерски прецизно. Од 100 минути интервју, Заев 10 минути посвети на опозицијата или околу 10%, а околу 5 минути за прозорецот во мојата соба каде лежев на клиниката за инфективни болести што е околу 5% од целото интервју.
Во држава кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО, во денот кога 50 наши сограѓани починаа од корона вирусот, премиерот требаше за уши да ги натера здравствените власти оставка да потпишуваат, а дезертерите кои отидоа на одмор и сончање да одговараат пред законот. Но, тие се посветени на провизии, летање со хеликоптери, дезертирање и одмори, а јас покрај тоа што сум редовен професор, понекогаш поправам расипани работи. Вие како Влада премногу расипавте, но и тоа вашето ќе го поправиме, а после тоа подгответе се за одговорност. Гробиштата се полни, додава Мицкоски.
Ветувањето за живот, вели, се претвори во најцрната епизода на македонската државност.
– Економијата е во колапс, стопанството не дише. Причината зошто нема дополнителни мерки не е поради тоа што тоа ви е стратегија, туку затоа што знаете дека ќе се случи банкрот. Денес има 50 погреби. Суштината на власта е да ги заштити граѓаните и нивните животи. Престанете со политиканство и забеганост. Спасувајте животи, повика Мицкоски.
Инженерски прецизно. Од 100 минути интервју, Заев 10 минути посвети на опозицијата или околу 10%, а околу 5 минути за…
Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, April 3, 2021