Можевме да се увериме дека и покрај тоа што општината има исклучително високи долгови, блокирана сметка, високи обврски наследени од лошото менаџирање со општината изминатите 4 години.

Сепак градоначалникот успева да најде начин како да проектите кои се ветувани за време на кампањата за локалните избори од 2021 година ги испорача и реализира.

Слушнавте дека десетици проекти кои се или завршени, во фаза на завршување или допрва ќе бидат започнати. Повторувам, блокирана сметка поради наследени долгови и преземени обврски кои се мерат во стотици милиони денари. Сепак се наоѓа простор, доколку се работи чесно, одговорно, и јас ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот и на советниците во Општина Василево, на мнозинството кое ги поддржува проектите на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, да им честитам на луѓето од администрацијата што во невозможни услови, во пеколни услови успеваат да испорачаат она кое е потребно за граѓаните.

Сведоци сме дека пред неколку дена, граѓаните на Македонија платија 117 милиони евра, односно 7 милијарди евра и 250 милиони денари за проект кој никој не го гледа, а тука гледате дека се што се работи се гледа, односно се она кое се испорачува, патна инфраструктура, игралишта, канализација, водовод, можат граѓаните да го видат и користат. А владата на ДУИ подржана од помалиот партнер СДСМ, во средата исплати повеќе од 7 милијарди и 200 милиони денари за проект кој никој не го видел, а како тргнале работите нема до крајот на оваа година да се види.

Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и помеѓу владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ. Тоа сум убеден дека граѓаните ќе го препознаат, веќе се чувствува на самиот почеток од нашата кампања „Ова е Македонија за сите“ веќе енергијата се препознава и сум убеден дека на следните парламентарни избори коалицијата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, ќе стигне до онаа бројка од 61 пратеник и ќе испише историја како што тоа го направивме на изборите локални во 2021 година кога за прв пат од позиција на опозиција некоја политичка партија успеа власта да ја декласира и во првиот и вториот круг и да освои мнозинство градоначалници, јас сум убеден дека тоа ќе се случи на парламентарни избори.

Честитки до градоначалникот и администрацијата во општината вака да продолжат и во иднина да работат и јас сум убеден дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ заедно со општинската администрација со градоначалникот со пратениците кои доаѓаат од овој регион ќе реализираат проекти кои и не биле дел од ветувањата имајќи предвид дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да вложи повеќе од 250 милиони евра годишно за проекти кои доаѓаат од локално ниво и се во оваа форма, канализација, водовод, патна инфраструктура.

Во тој дел би напоменал и за самото населено место Василево да се изгради тој колекторски систем за да може луѓето во 21 век да имаат елементарни услови за живот, бидејќи сега како стојат работите тие користат супстандардни услови, така што навистина не го заслужуваат и тоа ќе биде еден од првите проекти кои идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го испорача а градоначалникот е задолжен да го изготви тој проект и да го достави за да биде реализиран. Тоа го ветувам уште во првите 100 дена дека ќе биде проектот кој ќе биде реализиран, а сега ќе го отпочне градоначалникот, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.