Трет продолжен викенд месецов, на граничниот премин „Богородица“ со Грција се чека и повеќе од час за влез кај јужниот сосед. За разлика од минатите два викенди, овојпат долги колони и гужви има и на преминот во Дојран. Најголем број од возилата се со македонски и српски регистрации.

Се чека во неколку редици, а поради долгата колона, граѓаните чекаат и надвор од автомобилите. Отворени се пет пунктови на МВР за проверки, за премин на границата.

Според АМСМ, ова е еден од двата гранични премини каде е забележана гужва од утринава. На Пелинце, Меџитлија, Дебе Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Блаце – времето на чекање е минимално. Подолго време на чекање има и на Табановце, за влез во Македнија.