Мицкоски во интервју за вечер порача и повика наместо да се гледаат личните интереси и интересите на соседните држави, треба да се гледаат интересите тука внатре, во нашата земја Македонија.
-Тоа се интересите на мнозинскиот, македонски народ, вели тој
И во минатото, и сега и во иднина ВМРО-ДПМНЕ е столб околу кој се обединуваат македонските национални интереси и добро е што СДСМ по неколку дневни обвинувања кон мене лично, успеаја да се надраснат и да сфатат дека идентитетот нема алтернатива и да се обединат околу македонските национални интереси и носечкиот столб кое се работи за тоа прашање – а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за весникот ВЕЧЕР.
-Очекувам ДУИ да ги надмине своите милитантни однесувања и барем еднаш да застане зад интересот на нивните сограѓани, Македонците како мнозинска заедница. И наместо да ги гледаме нашите лични интереси и интересите на соседите од другите држави, да ги гледаме интересите на соседите тука внатре, во нашата Македонија, тоа се интересите на мнозинскиот, македонскиот народ, додава Мицкоски, кој во интервјуто зборува за бугарското вето, македонските позиции на патот кон ЕУ, како и за очекувањата од локалните избори наесен
Целото интервју ќе биде објавено во утрешниот број на весникот „вечер“.