Нагласуваат дека нема ниту една студија или научен доказ што ова го потврдува.

– Апелираме медиумите да не пласираат непроверени тези од поединци кои не се засновани на официјални информации од меѓународните здравствени институции. Досегашните анализи и официјални инофрмации на СЗО која ја одобри оваа вакцина, покажуваат дека истата е ефикасна 51 процент при заштита на асимптоматските случаи и штити 100 посто од развој на тешка форма на болеста, велат од Министерството.

Додаваат дека согласно најновите две студии на СЗО спроведени во Бразил за ефикасноста на вакцината од новите соеви кои се во моментот во циркулација, потврдено е дека истата штити 50 проценти во првата студија и 83 отсто во втората студија.

– Како што ќе има нови официјални студии и податоци за ефикасноста на вакцините, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста. Во овие исклучително чуствителни моменти кога започнува масовната вакцинација во нашата земја, апелираме на максимална одговорност од сите поединци и медиуми во однос на вакцинацијата и споделување исклучително на ставови кои се поткрепени со научни докази и потврдени студии, наведуваат од МЗ.