-Минатата година 72 милиони евра поделија картички пред избори, околу 10тина поделија вака поткуп. Го сменија изборниот законот. Оваа година немаше картици што е за нив би рекол еден ризик фактор помалку бидејќи не успееа како тој брутален поткуп минатата година . на терен се случува брутален поткуп еднаков како минатата година. Еве денеска можам да кажам во вашата емисија како партија реагираме, бидејќи двајца советници се фатени во едно маало познато Баиро во Битола како вршат поткуп на населението таму. И пазете ги идентификувавме кои се, тие се дел од советничката листа на СДСМ. Тие не го негираат делото, туку велат пријавивме бидејќи сме незаконски снимани. Мислам каде живееме? Тие луѓе излегуваат го бараат мандатот од народот и викаат ние не демантираме дека поткупуваме. Ако се толку сигурни дека победуваат тогаш што поткупуваат, праша Мицкоски.
Мицкоски посочи дека до сега никој од Министерството за внатрешни работи, ниту Јавното обвинителство не реагира на оваа видео и поткупот од страна на СДСМ.
И МВР го нема, Јавното обвинителство го нема, значи никој нема да реагира, вели Мицкоски.