Премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на конференцијата во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) на тема „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“ имаше изјава за медиумите на која во одговор на новинарско прашање на ТВ21 во врска со зголемувањето на придонесите за 0,7 процентни поени, што би значело делумно 19,5%, дали како Влада размислуваат за зголемување на оваа давачка кон стопанството бидејќи фондот за пензиско, инвалидско осигурување е во сериозни проблеми и процентот е дека за 4 години уште дополнителни 400 милиони ќе бидат потребни за да може да се исплаќаат редовно пензиите, тој вели:
-Единствената давачка на која во моментов размислуваме е усогласување на македонското законодавство со глобалниот корпоративен данок. Што подразбира тоа? Тоа подразбира дека сите оние компании коишто на глобално ниво имаат приходи поголеми од 750 милиони евра, овде кај нас повеќе од 10 милиони евра и профит поголем од 1 милион евра мора да платат консолидиран данок од 15% на профит, изјави Мицкоски.