Пет лица биле приведени на вчерашниот концерт на Дејвид Гета на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Според информации од МВР, регистрирани биле само две нарушувања на јавниот ред и мир при што полициските службеници привеле вкупно пет лица.

Оценката на полицијата е дека настанот од безбедносен аспект поминал исклучително мирно, без поголеми проблеми за обезбедување на самиот објект, но и за одвивањето на сообраќајот.

Протокот на посетители пред и по завршувањето на концертот се одвивал без поголеми застои.