– Наместо вистински и реални реформи на општеството кои ќе придонесат за поквалитетен живот на граѓаните, Зоран Заев реши да лицитира и да ги распродава националните интереси, надевајќи се дека така ќе се допадне на соседите, но и на членките на Европската унија. Ваквиот пристап на решавање на проблемите не само што не ја приближија Република Македонија кон ЕУ, туку дополнително ја оддалечија и покажаа дека државата ја водат пазарџии, а не политичари кои што достоинствено ги штитат интересите на државата и граѓаните, посочи тој.

Мицкоски истакна дека Зоран Заев и Никола Димитров како политичари кои релативно долго се на политичката сцена во Македонија, треба да знаат дека за националните прашања мора да постои државен консензус, а дури потоа да се преговара и разговара доколку е тоа потребно. Ваквата, како што вели, пазарџиска дипломатија која што ја демонстрираат Заев и Димитров е само поради непознавањето на дипломатската политика и бранењето на државните и национални интереси.

– Зоран Заев е човекот кој за секој свој неуспех ги обвинува сите други политички субјекти, а кога ќе му се понуди меѓународна соработка која му овозможува власт и материјална придобивка, тогаш на масата ги става идентитетот, јазикот, историјата и се што е свето за македонскиот народ. Ваквите погубни политики ја клекнаа земјата на колена, а македонските граѓаните се најпонижениот народ во Европа, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.