Откако премиерот Димитар Ковачевски ја одби поканата за средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски, тој на својот фејсбук профил истакна дека состојбите се пресериозни за ваков неодговорен однос на Владата и го повика заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Fatmir Bytyqi на состанок во Недела (2/октомври/2022) во 12 часот во Седиштето на ВМРО ДПМНЕ, каде детално ќе го објасни планот и концептот кои ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот.
-Состојбите се пресериозни за вака неодговорен однос на Владата и демонстрација на суета на Димитар Ковачевски.
Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го презентирам концептот за ублажување на последиците од енергетската криза и спас на работни места. Премиерот дезертираше и одби ваква можност.
Го повикав на дебата на тема енергетика/економија на медиум кој сам ќе го одбере. Повторно дезертираше. Одби со изговор дека сега не било време.
Нудам концепт не само за оваа есен и зима туку и за следната година. Од сето ова политички поени не ме интересираат кога цената е иднината на Македонија и илјадници луѓе чии работни места се под знак прашање.
Сакам вистински да се помогне, затоа што работите се пресериозни и поважни од суетата на било кој член на владата. Во услови кога Димитар Ковечевски дезертира, бега од средба и ТВ дуел со мене, го поканувам заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Fatmir Bytyqi на состанок во Недела (2/октомври/2022) во 12 часот во Седиштето на ВМРО ДПМНЕ, каде детално ќе го објаснам планот и концептот кои ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот.
Бидете поголеми од вашите суети и одважете се кога тоа е потребно за Македонија, пишува Мицкоски.