-Местото на шампионот е на врвот, овој пат кон нашето Водно, неполитички и спортски. Ми беше чест да го искачам нашето Водно со сребрениот од Токио, кој на градите носи медал вреден како злато. Дејан шампионе ти посакувам уште многу успеси и високо кренато знаме на нашата Македонија! – порача Мицкоски.