Денеска 16.11.2023 година (четврток) со почеток во 20.30 часот, во хотел „Панорамика“ – Скопје, ќе се одржи отворање на Генералното Собрание на подмладокот на Европската Народна Партија – „Обединувајќи ја иднината, новата генерација и Западниот Балкан“.

На свеченоста свое обраќање ќе имаат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов. Пред почетокот на настанот изјава за медиуми ќе дадат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.