Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ја посети Виница во рамки на акцијата „Ова е Македонија“.
Тој истакна дека навистина е голема бројката на проекти кои се во фаза на реализација или прокти кои што ве периодот што следи ќе бидат реализирани во Виница.
-Сакам да ја искористам оваа можност да им честитам на градоначалникот, на дел од советот кој што ја поддржува работата на градоначалникот, исто така да ја истакнам улогата на пратеникот кој што доаѓа од Виница, која што секогаш се бори во рамките на парламентот да даде амандман повеќе за да бидат обезбедени средства за проект повеќе овде во Виница. Но, за жал имаме работа со влада која што се што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ гледаат како да го опструираат и да не дозволат тоа да биде реализирано, односно ги казнуваат директно граѓаните кои што на локалните избори во 2021 година на два пати ја поразија коалицијата на СДСМ и ДУИ.
Но, за среќа наскоро од денеска ќе имаме една нова влада, за месец од денеска ќе имаме нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и многу пати низ македониај го најавувам, тоа ќе биде носечки проект 250 милиони евра од централниот буџет за општините, за инсфраструктурни капитални проекти. Овде во Виница се планирани до 2 милиони евра инвестиција во капитални проекти годишно или до 8 милиони евра за еден четири годишен мандат.
Така што општината треба да ги подготви проектите, и веднаш по формирањето на новата влада ќе има повик и средствата ќе бидат обезебедени од централниот буџет. Цениме дека тоа е најмлаку што граѓаните во Македонија го заслужуваат
Јас само можам да ги охрабрам да продолжат вака, да реализираат преокти. Свесен сум дека безпарицата е голем предизивик, дека иселувањето придонесува општинскиот буџет не се полни онака како што е предвидено. Но, и со оние малку средства кои што ги имаат на располагање ги охрабрувам да продолжат да ги реализираат сите проекти кои што беа дел од ветувањата дадени за време на кампањата во 2021 година. А за неколку месеци од денеска новата влада на ВМРО-ДПМНЕ годишно само за општѕина Виница ќе инвестира до 2 милиони евра, или за еден четири годишен мандат тоа се до 8 милиони евра капитални инфраструктурни проекти како што се улици, канализација, водовод, за да можат граѓаните да имаат за жал во 21 век елементарните услови за живеење.
Така што само нека продолжат вака со динамика да се работи и ќе покажеме дека не се сите исти, додека овие во владата на ДУИ и СДСМ крадат, оние кои што се посветени на локалната самоуправа градоначалниците од редовите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ градат, рече Мицкоски.