-Три работи, тоа што го ветивме да го исполниме. Сега веднаш што можеме да направиме откако е согледана состојбата. Состојбата е катастрофална, но не треба да се жалиме и да кукаме и да велиме катастрофа е не можеме да работиме и тоа го реков на прес конференцијата не треба да биде наш изговор, туку веднаш да почнеме со работа. Првата работа е секој од нив да започне со три капитални проекти кои што ги ветивме уште во првите, 100 дена да се започне со три капитални проекти без разлика дали е тоа градинка, училиште, булевар, улица итн, туку веднаш да видиме што е тоа што уште на почеток можеме да го реализираме во првите 100 дена, вели тој. Втора работа е да се откажат од сите можни привилегии, затоа што пола милиони луѓе живеат со помалку од 150 денари на ден и народот ни е сиромашен, народот ни е разочаран и мораме да покажеме пример од нас па после да бараме од народот да не следи. И трета работа која што е многу важна не им е местото на градоначалниците во кабинетите, во кожните фотелји, туку заедно со народот да разговараме, да го видиме сето она кое што е потребно, а не сме го предвиделе во програмите Гарантираме и да го реализираме со новиот буџет кој што ќе биде во 2022 година, рече Мицкоски.
Мицкоски: Им порачав на градоначалниците да засукаат ракави, да се откажат од привилегиите, да почнат три капитални проекти во наредните месеци
М
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител, рече дека на новоизбраните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот состанок им порачал да ги засукаат ракавите, да работат чесно и одговорно и да се откажат од привилегиите, укажувајќи дека прва работа која што ја побарал е да започнат со три капитални проекти кои што ги ветиле во текот на изборната кампања.