– Јасна е спрегата помеѓу криминалците и власта во оваа држава и никој не треба да има дилема, се издаваат пасоши на нарко босови од Балканот, се фаќаат дипломати со македонски пасоши кои што се бараат по потерници по Интерпол и денеска или вчера скандалот кога е заборавена дрога во возило кое што го користат вработени на МВР. Што повеќе треба да се случи во оваа држава за да овие луѓе сфатат дека треба веднаш сите колективно да си поднесат оставки и да заминат, нагласи Мицкоски.