Како идна влада ќе преземеме многу активности за афирмација на јазикот, за да го оставиме уште многу векови по нас, вели Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ по повод Денот на македонскиот јазик, 5 мај.
Јазикот е нашиот идентитетски белег кој мора да го чуваме и негуваме. На денешен ден пред 79 години е усвоена македонската азбука како официјално писмо на македонскиот јазик. Низ вековите нашите претци опстојале и го негувале јазикот, кој преку азбуката добил своја пишана форма. Нашата традиција е исткаена низ едно богато фолклорно творештво кое е од непроценлива вредност за нас. Оваа богата традиција, која се темели на македонскиот непокор, сме должни да ја зачуваме, негуваме и унапредуваме, напиша Мицкоски на Фејсбук.