Според него не смее да има увоз се додека не се откупи од домашните производители.
– Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од пелагонискиот регион имаа една прес конференција на која информираа дека ќе иницираме предлог закон во парламентот со кој ќе се забрани увоз на тутун се додека и последното ливче тутун од македонските производители не биде откупено, рече Мицкоски.
Мицкоски кажа дека има информации за злоупотреби при откупот.
– Ги повикувам и луѓето од земјоделскиот инспекторат да ги посетат откупните центри и да го видат однесувањето на откупувачите и да поразговараат со луѓето кои го продаваат тутунот бидејќи има индиции за големи злоупотреби, посочи Мицкоски.