Да тоа го констатираме и тоа е се поочигледно и се гледа во работата на советите. Еве да речеме во советот на град Скопје видовме јасна коалиција помеѓу СДСМ, ДУИ и Левица кога на полноќ изгласаа одлука каде што се доделуваат 650 милиони денари субвенција за ЈСП. Замислете 650 милиони денари субвенција на ЈСП. Потоа јасно го гледаме тоа во работењето на советот на Аеродром, каде што советниците на СДСМ и Левица не поддржаа нови две градинки, нови две училишта, не поддржа нови паркови, ново зеленило, булевари. Гласаа против буџетот или се воздржаа од гласање, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање врз која основа вели дека има коалиција помеѓу СДСМ, ДУИ и Левица.
Мицкоски, истакна дека оваа коалиција СДСМ, ДУИ и Левица работи на штета на граѓаните во општините и ги кочи проектите кои треба да се реализираат идната година и се против изградба на нови паркови, зеленило, детски градинки и булевари.
Истото тоа се случи и во општина Охрид каде што советниците на СДСМ, ДУИ и Левица гласаа против. Истото се случи и во општина Бутел. За волја на вистината таму Левица и СДСМ гласаа против, а пак ДУИ го поддржа буџетот. Од друга страна истото тоа се случи во Велес, каде СДСМ, ДУИ и Левица гласаа против новите проекти во Велес. И сега кога имате една ваква состојба многу јасно се гледа дека овие три политички партии работат на штета на граѓаните. Дали се тие во формална коалиција не знам, ќе треба тие да дадат одговор, но очигледно е нивното политичко дејствување. Од една страна го имате СДСМ кое организира кампања во Македонија , мене ме навредува, ме понижува и омаловажува, а од друга страна ја имате Левица која што заедно со СДСМ гласа против интересите на граѓаните и против проектите кои се дел од буџетите. Од прилика така функционира, но во ред, тие така избрале, порача Мицкоси.
Претседателот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува да работи чесно, посветено и одговорно и да ги реализира проектите за граѓаните, наспроти коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица која се занимава со гнев омраз и нихилизам.
Ние сме во коалиција со народот, ќе продолжиме да работиме и да ги реализираме проектите кои што сме ги ветувале, бидејќи само така знаеме да работиме, чесно, посветено, одговорно, храбро. Тие нека се занимаваат со гнев, омраза и нихилизам. Ние ќе се занимаваме со проекти и испорака, дециден е Мицкоски.