Македонците повеќе од 3 децении се покажаа како големи космополити и не се анахрони луѓе. Кога би се станувало член на ЕУ по измени на Устав, досега шампиони ќе бевме, одамна ќе бевме член на ЕУ.

Тоа што ЕУ не е фер кон нас, па за првпат вклучува билатерални договори, и тоа е така. Ние сме малуброен народ, мала држава и не може да се спротивставиме на гигантот ЕУ ако така одлучиле и нам тоа ни е јасно, ние водиме реална политика. Но, бараме нешто со кое достоинството и гордоста на Македонецот колку-толку ќе бидат барем малку задоволени.

Не бараме ништо ново, немаме империјалистички барања, туку барања кои само ќе биде потврда на нешто што сме го имале. Од друга страна, да имаме предвидлив процес, во кој нема да се соочиме повторно со други дополнителни блокади, вели во интервју за неделникот Фокус лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.