Лидер е оној кој се бори да ја направи својата татковина подобро место за живеење, економски, социјално, да не биде вака како што е сега, бидејќи сега ситуцаијата сега е многу лоша за сите, условите за живот се многу лоши. Мора да се работи на тоа секој еден граѓанин да ја сака својата татковина. Надвор во европските земји, во САД секој еден граѓанин има коректен однос кон својата татковина, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во утринската програма на телевизија Алфа.

Пандов се осврна и на актуелната тема датум за избори.

„Чекорите кои ги влечат СДСМ и ДУИ се неразбирливи, нив ги интересира само функцијата и ништо повеќе, а во една нормална држава лидерите треба да седнат и да се договорат за избори кога ќе има и слично. Дополнително кај нас има и 100 дена пред избори техничка влада, а сега не се знае ни кога ќе бидат изборите, а на пролет има велигденски, рамазански пости и треба да се договори датум за избори. На сите треба им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ и сите 44 пратеници нема да гласаат за уставни измени, тоа е завршена работа“, кажа Пандов.

Според Пандов изборите се најдобра анкета.

„На СДСМ ќе им се случи торнадо на изборите, ќе бидат поклопени. Секој еден изборен циклус чини многу и затоа треба изборите да се во ист датум парламентарните избори и претседателските. Ние не треба да трошиме толку пари на избори за да има одвоени избори. Наместо посебни избори во два три месеци што е неразумно трошење на парите на граѓаните, претседателските и парламентарните избори треба да има во ист термин. Да не се трошат пари на избори и да не се губи време, парите треба да се трошат за здравство, образование“, вели Пандов.

Пандов заклучи дека оваа Влада става во фокус само крадење или само корупција и криминал и купување на ден повеќе да бидат на функциите.