Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук пишува дека директорот на најголемата банка во САД, „ЈП Морган Чејс“, Џејми Димон, ги предупредува инвеститорите да се подготват за економски „ураган“ и супер тежок период за економијата во периодот што следи.

Владата на СДСМ/ДУИ подготви ребаланс со фокус на тендери во четири очи, задолжување на генерации, богатење на неколку партиски моќници, политички прогон и притисок врз опозицијата, сето тоа без никаков дијалог и консултација со најголемата политичка партија, градоначалниците од ЗЕЛС и јавноста. Мислев дека не знаат, но сега сум убеден дека свесно ја уништуваат Македонија. Затоа е потребна масовност на 18 ти jуни, предвремени избори и македонска влада која знае и умее да работи само за интересите на македонските граѓани и Македонија, пишува Мицкоски.